Трет повик на Фондот за иновации
До крајот на месецот иновативните претпријатија имаат можност да ги искористат средствата од Фондот за иновации.
Третиот повик е во тек, и на него можат да се пријават сите микро, мали и средни претпријатија не постари од 6 години кои имаат иновативни идеи. Максималната сума што може да ја добие една компанија е 30 000 евра односно Фондот покрива 85 % од вкупниот буџет за проектот, а остатокот го обезбедува апликантот.
Средствата се неповратни само доколку компанијата не генерира приходи.
Бизнис секторот ја поддржува работата на Фондот. Од таму велат дека иновациите се особено значајни за успешна работа на една компанија.
На претходните два повика на Фондот беа финансирани вкупно 33 претпријатија. Компаниите од првиот повик веќе ги имаат лансирано своите продукти на пазарот. Вкупниот буџет за овој повик е 450 000 евра и се очекува да бидат финансирани 15 компании.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
