Свет
2. March 2020 - 9:19

Трет потврден случај на Ковид-19 во Белгија

Белгиските власти соопштија дека е потврден трет случај на заразен од вирусот Ковид-19, два дена откако беше потврден и вториот случај.

Пациентот живее во Брисел и е неодамна е вратен од Милано, град кој се смета како ризична зона и имал симптоми на коронавирус, но е во добра состојба, изјави регионалниот министер за здравство, Ален Марон.

-Врз основа на национална процедура и во консултација со докторот од референтниот центар одлучено е пациентот да се врати на домашно лекување со строги мерки на изолација, стои во соопштението до медиумите.

Во текот на викендот властите потврдија втор случај во градот Антверпен, првиот случај е веќе излечен и пуштен од болница.

Белгија не предвидува систематски тестови на лица кои имаат симптоми на грип и не се преземаат мерки против големи собири, освен во една општина, чиј градоначалник не се согласува со владините инструкции и воведе сопствени решенија за заштита на населението.

За време на викендот, властите во Луксембург информираат дека пациент тестиран позитивно за ковид-19 стигнал на луксембуршка територија преку Белгија, истиот ден шпанските власти соопштија дека нивна државјанка, исто така позитивна, и во тешка состојба, се вратила од престој во Белгија.