Трет ден собраниска расправа за Предлог-буџетот за 2020

Трет ден денеска треба да продолжи собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2020 година. Расправата се одвива во Комисијата за финансирање и буџет, по што се очекува Предлог-буџетот да биде ставен на усвојување на пленарна седница.
Буџетот за наредната година е проектиран на 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.
Капиталните инвестиции се на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.
Проекциите во буџетот, според надлежните, се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции. Буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3 отсто.
На текстот на Предлог-буџетот има поднесено околу 350 амандмани од кои 314 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека може да се прифати се што е добро и издржано, но не и, како што рече политиканство.
– Моите насоки до Министерството за финансии е за се што е добро и реално возможно прифаќајте, да се вградиме сите, Буџетот е на сите во државата. Така што тоа што е прифатливо да, а тоа што е апсолутно само политиканство, државата мора да го држи серозниот аспект на приходната и расходната страна заради сериозна реализација на Буџетот, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
