Трет ден расправа во Собранието за импичмент на Иванов

Пратениците денеска трет ден расправаат по предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.
Според мнозинството, таа е уставна и согласно законите, а според опозицијата не е и бараат оставка од претседателот.
Хари Локвенец од СДСМ побара оставка. - Ја покренавме оваа иницијатива во моменти на огромни граѓански протести и криза која го достигна својот зенит. Повод е неуставната, незаконската и најважно неетичката аболиција која Иванов ја донесе на 12 април, рече Локвенец, според кој единствената цел на одлуките била да се направи пролонгирање и кочење на процесите.
- Ако намерите ви се добри тогаш придонесете со донесување на законот за заштита на сведоци и на таков начин ќе помогнете во најважната работа, а тоа е градење доверба на институциите, рече Локвенец, за кого Македонија е држава без претседател, без Уставен суд, а како што рече, како да нема и Собрание.
Милева Ѓоргиева од СДСМ истакна дека Иванов го прекршил највисокиот акт - Уставот. - Одговорност мора да има и никој не смее да биде над правдата, над граѓаните, над законот и над Уставот, истакна таа.
Сузана Секуловска од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека не може претседателот Иванов да се осуди оти го прекршил законот, бидејќи за тоа постои закон.
Сопартиецот Драган Данев истакна дека при носењето на одлуката најважен бил државниот интерес, додека според Благоја Деспотовски нормална е реакцијата на претседателот со ваква одлука кога има сознанија дека е загрозена безбедноста.
Љупчо Димовски од Социјалистичка партија потенцира дека претседателот согласно законите дејствувал како државен орган кој е должен да се грижи за интересите на граѓаните.
Опозицијата забележа дека Димовски не требало да биде дел од Комисијата која ја разгледуваше иницијативата бидејќи тој бил дел од помилуваните.
Расправата продолжува по редовната пауза.
Пратениците расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов ја почнаа во понеделникот, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.
За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
