Бизнис
24. јуни 2022 - 16:31

Трет ден генерален штрајк на ССМ

Трет ден генерален штрајк во јавниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија денеска постави само едно столче, овој пат пред Министерството за финансии, барајќи од министерот Бесими да одвои пари од буџетот и за ветеното покачување на платите за 2.806 денари, колку што порасна минималецот.

Синдикалците добија поддршка од повеќе политички партии, кои сметаат дека нивните барања се реални.

Министерката за труд смета дека ќе се најде системско решение преку социјалниот дијалог и процесот на помирување.

Инаку, до сега неколку институции и претпријатија под надлежност на локалните власти веќе одобрија покачување на платите од 1 јули. Штрајкот на ССМ продолжува до целосно исполнување на нивните барања.