Македонија
17. September 2018 - 20:38
Трента: Ова е историски момент за Макеоднија
Македонија се наоѓа во историски момент, пред клучниот референдум со кој ќе се реши најважното нешто за вашата земја, иднината во евроатланската заедница кон која македонскиот народ гледа со позитивен став, порача Министерката за одбрана на Италија, Елизабета Трента, при нејзината прва посетна на земјава. Истакна дека е убедена дека иднината на Македонија е заедничка во евроатланската заедница.
Шеќеринска информираше дека АРМ ќе го зголеми своето учество во мисијата УНИФИЛД со двајца штабни офицери во рамките на италијанскиот контигент.
Италијанската министерка за одбрана нагласи дека македонската војска секогаш ќе може да смета на италијанските вооружени сили во процестот на трансформација и модернизација на своите капацитети.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
