-->
-->
Треневски поднесе оставка на кормилото на ФК Работнички
-->
Виктор Треневски од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Работнички откако самиот си поднесе оставка од тренерската функција во нашиот клуб. Причина за ваквата одлука на Треневски е слабиот старт на „романтичарите“, кои по првите шест кола имаат само една победа. Треневски својата одлука ја најави веднаш по вчерашниот пораз од Академија Пандев, за истата да ја официјализира на денешната прес-конференција во клупските простории.
„Сакам да ја известам спортската јавност дека поднесувам неотповиклива оставка на тренерската функција во Работнички. Согласно слабите резултати на тимот и амбициите на клубот да биде меѓу позициите при врвот мислам дека треба јас да ја сносам одговорноста како шеф на стручниот штаб. Работнички е голем клуб, му посакувам се најдобро, ја заокружувам работата од овие 13 месеци која беше навистина одлична. Беше релативно успешно во изминатиот период, нема да го оценувам периодот низ овие четири натпревари, но не тргнавме најдобро и во моментот е најважно да се направи ете еден позитивен шок, да си заминам. Тоа е моја одлука и секој тренер во еден ваков клуб треба да си ја понесе“ – истакна Виктор Треневски, кој денеска и официјално ќе се збогува и од фудбалерите и стручниот штаб на тимот.
Работнички во следното коло од Првата лига, веќе в среда во Скопје ќе го пречека тимот на Силекс.
Фото fkrabotnicki.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми