-->
-->
Тренерот на СПАЛ разочаран од пропуштената победа над Милан
-->
Тренерот на СПАЛ, Луиџи Ди Бјаџо, е разочаран од исходот на дуелот со Милан во 33. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат.
Мечот заврши 2:2, а гостите од Милано од пораз се спасија со погодок во последните минути.
– Разочарувачки е затоа што навистина бевме толку блиску до победата и веќе почнавме да веруваме дека победивме. Работевме напорно, бевме добро подготвени и направивме многу добра работа, што не беше лесно кога игравме 10 наспроти 11 за еден час. Горд сум на моите играчи. Ние мора да продолжиме да се бориме за да останеме во Серија А и да веруваме во тоа до самиот крај, изјави Ди Бјаџо.
СПАЛ по 29 кола во Серија А е на претпоследното (19.место) со седум бода помалку од „безбедната“ зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
