Тренерот на Лион: Ќе ми биде чест да ме смени Мурињо
Тренерот на Лион, Бруно Женесио, ја прокоментира веста дека во текот на летото, тој може да ја загуби работата, а на негово место да биде поставен Жозе Мурињо.
– Мурињо е стратег кој заслужува почит, тој освојувал насекаде каде што работел. Ги ценам неговите успеси и се што постигнал. Јас ќе бидам многу горд, ако тој ме смени, рече Женесио.
Вчера, весникот „Екип“ напиша дека, покрај Лион, варијанта за следниот клуб на Специјалниот бил и Монако. Сепак, од раководството на тимот од Кнежеството излегоа со официјална изјава во која се вели дека се потпирале целосно на Леонардо Жардим, кој брзо ја стабилизираше екипата и ја оддалечи од зоната на испаѓање.
Мурињо е без работа откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Имаше многу шпекулации дека ќе се врати во Реал Мадрид, но Зинедин Зидан се врати во „кралскиот“ клуб.
До денес, најлогично за Португалецот е да го заземе местото на Лучано Спалети во Интер.
Ново на Сител
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица