Живот
6. March 2018 - 13:44

Тренерот им забранил на фудбалерите да ја следат неговата ќерка на Инстаграм, таа е малолетна и многу провокативна

Тој е тренер на фудбалски клуб и имал необично барање до неговите играчи. Всушност тоа повеќе личело на забрана.

Поранешниот шпански репрезентативец кој сега е тренер на мексиканскиот клуб Круз Азул, Пако Хемес, им забранил на своите фудбалери да ја следат неговата ќерка на Инстаграм.

-Таа нема ниту 20 години, туку само 17. Значи се уште не е ни полнолетна. Било кој што ќе остави некој непримерен коментар на нејзините слики, ќе има голем проблем со мене, изјавил тренерот Хемес.

Инаку, неговата ќерка Надја е доста популарна на Инстаграм каде има околу 130.000 следбеници, меѓу кои биле и сите играчи на Круз Азул.

Таа знае да ги израдува своите следбеници со провокативни фотографии.