Трендафилов: ССМ очекува зголемување на платата за септември со двоцифрен процент и К15 до Нова година
ССМ очекува зголемување на платата за септември со двоцифрен процент и К15 до Нова година, ова го истакна претседателот на ССМ во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.
- Инфлацијата е 14,2. Порастот на минималната плата е 12,55% и просечната плата минатата година поранала 10,9% и ние како претставници на работниците сметаме дека тоа треба да биде стратна основа на која ќе го градиме заедничкиот однос и доверба со потпишувањето на општиот колективен договор. Тоа значи дека оваа година како Синдикат успеавме веќе да ги зголемиме платите на голем дел од вработените во јавниот сектор без оглед на тоа дали 2000, 3000 денари во нето и повеќе од 3000 денари во нето и овој процент кој ќе биде откако ќе го зголемиме, односно ќе ги зголемиме платите на вработените во јавниот сектор дури може да ги надминува тие 14,2 проценти во вкупен износ во поглед на инфлацијата која ја трпиме сите ние заедно. Затоа велам, процесот трае. Тоа што го разговаравме минатата среда, договоривме во понеделник да се сретнеме уште еднаш во 14:30 минути во кабинетот на министерот за финансии и тие до тогаш да ги направат сите потребни пресметски, да знаат што значи тоа за буџетот, какви опфаќања ќе има од буџетот, колку дополнителни средства ќе бидат потребни и се разбира ние тоа да го искомуницираме со нашите органи и тела и да донесеме соодветна одлука. Ние веќе разговаравме со нашите органи и тела. синдикалните претставници се расположени за двоцифрено зголемување, односно двоцифрен процент за зголемување на платите а тоа е над 10%. Се расположени тоа да биде од први септември, со септемвриската плата да добијат зголемување. Попрецизно, платата за месец септември која се исплаќа во октомври ќе ја добијат зголемена за одреден процент, кажа Трендафилов.
Ново на Сител
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални
-
23 годишник силувал 11 годишно дете во Тетово
-
Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025 година
-
Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред