Тренчевска: Во 25 градинки воопшто нема штрајк, штрајкуваат 50 установи
Во 25 градинки во државата воопшто не се штрајкува. Штрајкуваат останатите 50 установи, односно 45 проценти заклучно со вчерашниот ден. Сите градинки функционираат речиси нормално, нема затворена градинка, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Таа на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со штрајкот на вработените во градинките, напомена дека се штрајкува во 50 установи, но појасни дека се згрижуваат децата, а опфатот на децата од ден на ден е се поголем.
-Во текот на вчершаниот ден штрајкуваа 45 проценти од воспитно-наставниот кадар во градинките. Ги немам податоците за денеска, но воспитачките и негувателките ги прифаќаат сите деца кои доаѓаат до граиднките. Вчера за 30 проценти е зголемен опфатот за разлика од претходниот ден, рече министерката.
Во однос на тоа дали се размислува за пренамена на буџетски средства со цел да се обезбедат пари за да им се даде на вработените во градинките, Тренчевска рече дека социјалниот дијалог продолжува, уште не може да се зборува за пренамена на буџетските средства.
-Социјалниот дијалог продолжува. Се до моментот додека немаме конечно решение не можеме да зборуваме за пренамена на средствата, затоа што СОНК покрај зголемувањето на платите имаат и други барања. Колективниот договор завршува на 28 јуни и таму ќе се внесат сите барања кои се оставени од СОНК до Министерството за труд и социјална политика, и ќе го донесеме најсоодветното решение, додаде министерката Тренчевска, која заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Здужението „Банка за храна“, денеска поделија пакети со основни прехранбени и хигиенски производи на 150 семејства со висок социјален ризик од општината.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната