Тренчевска: Од јануари до септември лани пријавени 1166 случаи на семејно насилство, најчесто психолошко

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство. Како што рече, од јануари до септември лани пријавени се 1166 случаи на семејно насилство, а од нив, 708 се поврзани со психолошкото насилство.
-Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1166 случаи на семејно насилство. Сега ги прибираме за цела година, од септември до декември. Наскоро ќе ги објавиме податоците за цела 2023 година. Да, најголем дел, 708 случаи, се пријави на психолошко насилство за разлика од претходно, каде што најчест вид на насилство беше физичкото насилство, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.
Таа посочи дека психолошкото насилство многу тешко се докажува бидејќи нема видливи траги, освен опаѓање на менталното и на психичкото здравје на граѓаните. Како што информираше, најголем број од жртвите на психолошко насилство се жените.
-Во делот на психолошкото насилство имаме постојано пребацување или префрлување на партнерката, на деца или на родители, и се тоа остава длабока трага на психата на една личност и многу е тешко за препознавање. Жртви на насилство се деца и повозрасни граѓани, но најголем процент и понатаму се токму жените, рече Тренчевска.
Ново на Сител
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
-

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца
-

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во „Пулс“ ќе се гради на бараната локација
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
