Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа, повреден нејзиниот возач
Секторот за внатрешни работи Штип соопшти дека вчера попладне на експресниот пат Штип - Радовиш се случила сообраќајка меѓу две возила, од кои во едното се превезувала министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
-На 5 јануари 2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип- Радовиш во близина на село Лакавица, Штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од 53-годишниот Г.А. од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, наведува СВР Штип.
Второто патничко моторно возило „пасат" со швајцарски национални ознаки било управувано од 48-годишниот М.Ј. од село Мокриево, Општина Ново Село, кој, како што информира СВР Штип, бил со четири сопатници во возилото.
Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на „шкодата“ Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви
-
Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
-
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
-
Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
-
Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја
-
Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница
-
Скопјанец следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал