Требало да оди на прослава заминал во смрт - детали за трагедијата на Партизанска

Со брзина поголема од 100 километри на час, таксистот Влатко А. завчера летал на булеварот Партизански Одреди, по што заедно со пријателката замина во смрт. Според податоците на Дневник, таксистот возел со брзина околу 130 километри на час, пред да ја доживее кобната несреќа во која загина заедно со пријателката Катарина С.
Мерцедесот со кој летале на Партизанска целосно бил смачкан од страната на совозачот, откако Влатко загубил контрола, удрил во дрво, па се вратил повторно на коловозот. Очевидците кои врескале во паника, иако претпоставувале дека и двајцата се мртви со оглед на тоа дека автомобилот бил целосно смачкан и не давале никакви знаци на живот, сепак веднаш повикале Брза помош и полиција, кои за жал можеле само да констатираат смрт. Пожарникарите од згмечениот автомобил со посебни алати ги ваделе телата на починатите.
Се проверува дали возачот бил под дејство на алкохол за време на несреќата која заврши фатално.
Од силниот удар се разбудиле и станарите кои живееле во близина на Симпо. Глетката била ужасна.
Инаку, таксистот не бил женет, заработувал за живот само од возењето и вечерта требало да слави 20 години полуматура.
Ново на Сител
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
-

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони
-

Повремени врнежи од дожд, локално пообилни
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
