Треба да продолжиме со реформите и да даваме уште повеќе аргументи на ЕУ за исправање на нивната историска грешка
Методологијата која во јануари треба да биде усвоена од ЕУ треба да ги подобри трансформативните процеси за земјите членки и оние кои веќе преговараат со Унијата, истакна денеска премиерот Зоран Заев на увидот на изградбата на спортската сала во село Волково.
Тој за ова рече дека разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон кој му посочил дека по усвојувањето на методологијата, ЕУ треба да ја адаптира и да ја прати до земјите членки, а со тоа, според него, ќе се даде фер шанса на земјите кои сакаат да отпочнат преговори и тие што преговараат.
-Дефинитивно мојот оптимизам, што го нарекува реален оптимизам заради тоа што не би сакал да ги дигам повторно надежите кај граѓаните, го темелам на тоа што е присутно насекаде и во јавноста, како и во дел од разговорите што ги имам, а тоа е воочување на историската грешка не само кај нас туку и во ЕУ која што е направена, рече Заев.
Посочи дека дебатата веднаш е отворена после лошата одлука што Европскиот совет на 17 и 18 октомври ја донесе, но и дека Макрон и земјите членки на ЕУ немаат намера да ја спречат Република Македонија па и Западен Балкан во делот на интеграциите во ЕУ, ниту пак да нудат паралелен пат што треба да биде соодветно надоместување на интеграциите во ЕУ.
-Сето тоа ја заокружува оваа состојба во која што имаме право да заклучиме дека наша должност е да продолжиме да работиме, да ги правиме дополнително реформите, да даваме уште повеќе аргументи на ЕУ и во следната прилика да очекуваме исправање на историската грешка, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО