Транспортерите на „Фени” го блокираа патот Кавадарци-Дреново
Транспортери на руда за „Фени” денеска повторно излегоа на протест поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот, во висина од околу четири милиони евра. Целосно е блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, појасни дека не го прифаќаат минатонеделниот предлог од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати.
- Ќе бидеме тука се додека не се исполнат нашите барања, исплата во целост на долгот. „Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите права, нагласи Пејовски.
Тој појасни дека викендов имале и понуда половина од парите да ја добијат сега, а остатокот после една година. Но и тоа не било прифатливо за нив.
Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?