Транскрипт од спорниот телефонски разговор Трамп-Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп го повикал својот украински колега Володомир Зеленски да контактира со јавниот оибвинител Вилијам Бар за отворање на потенцијална истрага за корупција за поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден.
Тоа се гледа од декласифицираниот транскрипт на телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зелески во јули, пренесува Њујорк Тајмс. Тој разговор е во центарот на обвинувањата дека претседателот на САД извршил притисок врз странски лидер со цел да го компромитира својот политички ривал.
За време на разговорот, Трамп му рекол на Зеленски дека треба да контактира со Бар и неговиот личен адвокат Руди Џулијани, се гледа од транскриптот кој пред неколку минути го објави Белата куќа.
– Има многу нешта да се кажат за синот на Бајден… дека Бајден барал прекин на истрага против него, а многу луѓе сакаат да знаат за тоа, вели Трамп во интервјуто со Зеленски.
– Значи, што и да направиш со јавниот обвинител, ќе биде одлично, рекол американскиот лидер во објевениот транскрипт од разговорот.
Тие го обвинуваат Трамп дека разговарал со Зеленски кон средината на летото, барајќи од него компромитирачки информации за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година. Американските медиуми посочуваат дека Трамп му рекол на шефот на кабинетот да ја задржи воената помош за Украина во вредност од 400 милиони долари непосредно пред разговорот со Зеленски, иако Конгресот веќе одобрил тие средства да бидат доделени на Киев.
Ново на Сител
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
