Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок може да ги посети САД за да го потпише важниот договор за минералите .
-Слушам дека тој (Зеленски) доаѓа в петок. Секако, мене ми е во ред доколку тој тоа го сака. И тој би сакал тоа да го потпише заедно со мене. И разбирам дека е тоа голема работа, многу голема работа, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба , пишува Гардијан.
Според информациите од медиумите, Кијив и Вашингтон во текот на вчерашниот ден постигнале договор откако САД се откажале од барањето да го добијат целиот приход од екстракцијата на ретките минерали во Украина, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари.
Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина вчера за Укринформ изјави дека преговорите меѓу украинскиот и американскиот тим се во завршна фаза и дека се договорени речиси сите клучни детали од договорот за минерали.
Зеленски нагласи дека договорот мора да содржи јасни безбедносни гаранции на САД и посочи дека Украина сака да биде рамноправен партнер, а не должник.
Ново на Сител
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД