-->
-->
Трамп воведе забрана за влез во САД и за Севернокорејците и Венецуелците
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нов указ со кој им се забранува влез во САД на граѓаните на Северна Кореја, Венецуела и уште пет земји, соопшти синоќа Белата куќа.
Новите мерки, кои ќе влезат во сила на 18 октомври, се однесуваат и за државјаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.
Указот е резултат на повторната проценка на првичната забрана на Трамп од јануари годинава за влез во САД на државјаните на неколку доминантно муслимански земји, која беше укината од американските судови.
Во март Трамп издаде нов модифициран указ, според кој времено се забрануваше влез во САД на граѓаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.
Таа мерка исто така беше укината од Федералниот суд, но Белата куќа ја обжали ваквата одлука во Врховниот суд, кој треба да го разгледа случајот на 10 октомври.
Со указот објавен синоќа на листата на петте муслимански држави се додаваат и Северна Кореја и Венецуела. Се посочува дека тие земји се ризични и „несоодветно" соработуваат со барањата на Вашингтон за веродостојна идентификација на нивните граѓани и споделување информации за лица кои се кривично гонети или претствуваат ризик за безбедноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“