Трамп во Сирија е поразен на сите фронтови
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сè уште сака сите американски трупи да се повлечат од Сирија, но оти Јордан и Израел побарале од него дел од единиците да остане во оваа блискоисточна земја.
Трамп пред новинарите во Белата куќа рече дека САД ќе смислат нешто со Курдите во источна Сирија за да се обезбеди пристап до приходите од сириската нафта.
Тој додаде и дека во тој дел од Сирија ќе испрати американска нафтена компанија за да помогне.
Трамп ја објасни својата одлука за повлекување на трупите од Сирија, наведувајќи дека САД никогаш не ветиле дека ќе ги штитат Курдите до крајот на животот и оти тој сака да ја врати дома американската војска.
– Морам да го направам она за што сум избран и морам да го сторам она што сметам дека е правилно, рече Трамп.
Трамп минатата недела соопшти дека околу 1.000 војници стационирани во североисточна Сирија ќе се вратат дома, и оти во базата на југ ќе останат околу 200 лица.
Шефот на Пентагон, Марк Еспер, рече дека ја разгледува можноста еден дополнителен контингент војници да остане во источна Сирија со сириските Курди, со цел заедно да се борат со таканаречената Исламска држава.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена