-->
-->
Трамп во филм на екстремистичката група Ал Шабаб
-->
Екстремистичката група Ал Шабаб во филм за регрутирање на борци користи снимка од Доналд Трамп, претендентот за претседателски кандидат од Републиканската партија на претседателските избори во САД.
Филмот вчера е објавен на Твитер и трае 51 минути.
Во филмот се зборува за расната неправда, а прикажан е и предлогот на Трамп на муслиманите да им се забрани влез во САД.
Говорот на Трамп е меѓу две снимки на кои убиениот лидер на Ал Шабаб во Јемен во 2011 година, ал Авлаки зборува дека муслиманите во САД се соочени со два избора: преселба во исламски држави или останување и борба против Западот.
Предлогот на Трамп да им се забрани на муслиманите влез во САД наиде на осуда и во земјата и во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО