Трамп вети дека ќе стори се што е можно за склучување мировен договор на Блискиот исток
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Витлеем, на окупираниот Западен Брег, презеде обврска да стори се што е можно за да им помогне на Израелците и Палестинците да склучат мировен договор, пренесоа француските медиуми.

- Мирот е избор, што треба да го правиме секој ден, и САД се тука за да помагаат во реализацијата на овој сон, изјави Трамп во присуство на палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого утринава разговараше.
Посетата на Трамп на Блискиот исток и посебно на Витлеем, „ги појави надежите за потпишување договор за сеопфатен мир меѓу Палестинците и Израелците, изјави Махмуд Абас по средбата, цитиран од телевизијата „Скај њуз - Арабија“, пренесе ТАСС.
- Палестина, заедно со САД, се залагаат за постигнување мир со Израел, додаде Абас.
Конфликтот, според него, не се должи на религиозните разлики, туку на тоа што Израел ја продолжува окупацијата (на палестинските земји) и таму гради нови населби.
Абас, исто така, забележа дека Палестинците се подготвени за соработка во борбата со тероризмот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
