Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера јавно посочи за прв пат дека потпретседателот Џеј Ди Венс е „најверојатно“ идниот наследник на движењето МАГА и можен републикански претседателски кандидат во 2028 година.
-Тој веројатно би бил фаворит во моментов, рече Трамп, додавајќи дека Венс би можел да се здружи со државниот секретар Марко Рубио.
Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот обвинител Пам Бонди, кои исто така имаат високи политички амбиции, се појавија на истиот настан.
Рубио минатиот месец рече дека Венс „одлично ја врши работата како потпретседател“ и додаде дека тој би бил „одличен кандидат“. Тој не ја исклучи сопствената кандидатура: „Никогаш не знаете што носи иднината“.
И покрај тоа што се ривали за потпретседателската функција, Венс и Рубио развија близок сојуз. Венс за Си-Ен-Ен изјави: „Марко е неверојатно способен и доверлив и еден од моите најблиски пријатели во администрацијата“.
Венс, поранешен маринец и сенатор од Охајо, одигра клучна улога во втората администрација на Трамп, особено во надворешната политика. Рубио, поранешен сенатор од Флорида, стана првата личност по Хенри Кисинџер што служеше и како државен секретар и како советник за национална безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
