Трамп утре телефонски ќе разговара со Меркел и други светски лидери
Новиот американски претседател Доналд Трамп утре ќе има телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, јавуват германските медиуми кои што цитираат пост на социјалната мрежа Твитер, објавен од портпаролот на Белата Куќа Шин Спајсер.
Според Спајсер, претседателот Трамп покрај со Меркел, телефонски ќе разговара и со лидерите на Русија која предходно најави контатки меѓу Владимир Путин и Трамп како и со претседателот на Франција Франсоа Оланд.
Извор на агенцијата Ројтерс во германската федерална влада потврдил дека канцеларката ќе разговара со Трамп но официјално од кабинетот на Меркел нема коментар за најавите од Вашингтон, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Германските медиуми се уште не објавуваат информации за можните теми за кои што ќе се разговара меѓу лидерите на САД и Германија.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски