Трамп: Тоа што мене ми го прават, се случува во земјите од третиот свет

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тоа што му го прави Министерството за правда е исто како и она што го прават „земјите од третиот свет“.
Оваа изјава се однесува на правната постапка што е покрената против него.
„Она што ми го прави Министерството за неправда е истото што го прават и земјите од третиот свет ширум светот“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“.
Тој додаде дека американските власти „нема да поминат со тоа“. „Ќе ја направиме Америка повторно голема“, наведе Трамп.
Минатата недела, специјалниот обвинител Џек Смит поднесе обвинение против Трамп со четири точки, во кое поранешниот претседател се обвинува за измама на Соединетите Американски Држави, заговор за попречување на официјална постапка (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службена постапка и кршење на права гарантирани со законите и Уставот на САД.
Во јуни, Трамп беше обвинет во рамки на истрагата за доверливи документи кои поранешниот претседател ги изнесе од Белата куќа, а пред тоа, во март, големата порота на Менхетен го обвини за деловна измама.
Тој, исто така, се соочува со можно четврто обвинение во Џорџија, каде што обвинителите ги истражуваат неговите напори да ги поништи изборните резултати во таа сојузна држава.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
