Трамп телефонски разговараше со претседателката на Тајван, Белата куќа се оградува од него
Белата куќа вчера соопшти во врска со телефонскиот разговор кој новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го имаше со претседателката на Тајван, Чај Инг-вен дека нема промени во политиката на признавањето на Пекинг како единствена Влада на единствена Кина, изјави портпаролката на Белата куќа за национална безбедност Емили Хорн.
Светски медиуми оценуваат дека Трамп ризикува да го предизвика бесот на Кина поради повикот на властите на Тајван.
Со овој остров, кој Кина го смета за дел од својата територија, САД ги прекинаа дипломатските односи во 1979 година, кога е прифатена политиката на единствена Кина.
Американски медиуми оценуваат дека е исклучително необично и веројатно без преседан американски претседател или новоизбран претседател на САД директно да разговара со тајванскиот лидер.
Министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји во меѓувреме изјави дека телефонскиот разговор на претседателката на Тајван со Трамп „бил трик на Тајван кон не може да ја промени политиката на единствена Кина“.
- Сметам дека тоа нема да ја промени политиката на единствена Кина, која САД со години ја поддржуваат. Таа политика е камен темелник на нашите односи, а ние не сакаме никакво мешање или исчезнување на таа политика, рече Ванг.
Претседателката на Тајван го повика телефонски новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, со кого разговараше за идните односи меѓу САД и Тајван.
Во соопштението од кабинетот на Чај Инг-вен е наведено дека таа се радува на јакнењето на билатералните односи и поблиската соработка.
- Претседателката исто така му кажала на Трамп дека се надева оти САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Тајван повеќе да учествува во меѓународните случувања во иднина. Тие двајца разговарале и за зајакнување на националната безбедност, со цел да се подобри животот на обичните луѓе, се вели во соопштението.
Тимот на Трамп соопшти дека двајцата лидери го потенцирале постоењето „блиски економски, политички и безбедносни врски“ меѓу Тајван и САД.
Трамп на Твитер објави дека претседателката на Тајван го повикала за да му ја честита изборната победа и оти тој и се заблагодарил на тоа.
Ново на Сител
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир