Трамп следната недела ќе одлучи дали САД ќе останат во Парискиот договор за климата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека конечната одлука дали САД ќе останат во Парискиот договор за климата ќе ја донесе следната недела, пренесоа светските агенции.
Изненадувачкото соопштение на Трамп, што го направи преку Твитер, на последниот ден од својата прва и подолга турнеја во странство, доаѓа откако претходно одби да се обврзе на останување на САД во радикалниот климатски договор, опстојувајќи на интензивниот меѓународен притисок.
Претходно денеска останатите шест земји членки на Г-7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Франција и Јапонија) донесоа одлука да се придржуваат до Парискиот климатски договор, наведе информиран извор кој побарал анонимност.
Трамп цели три дена беше премислуван, прво во Брисел на средбите на НАТО и ЕУ, а потоа во Сицилија, на форумот на Г-7, забележуваат американските медиуми.
Според договорот, администрацијата на Трамп ќе добие дополнително време за да размисли дали ќе остане обврзана кон договорот од Париз од 2015 година за намалување на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина.
Лидерите од Г-7 денеска признаа дека не можат да постигнат разбирање со САД за борбата со климатските промени и тоа ќе го нотираат во завршната декларација од средбата во Таормина, соопшти Елисејската палата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
