Трамп се враќа на политичката сцена, денеска митинг во Охајо
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи митинг во Охајо, што ќе биде неговиот прв собир по напуштањето на Белата куќа.
Тоа ќе биде и прв митинг откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол во јануари, кога загинаа пет лица, потестуваат американските медиуми.
Според аналитичарите, овој собир може да навести негов можен ангажман на изборите за Конгресот во 2022 година, а можеби и на планови за нова претседателска кандидатура во 2024 година.
Иако Трамп веќе говореше на митинзите на Републиканците по поразот на изборите, овој митинг во Охајо, сојузната држава каде победи на изборите во 2020 година, претставува враќање на масовните митинзи кои се клучни за одржување на поддршката во партиската база.
Исфрлен од Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи што ги користеше за да комуницира со своите приврзаници, Трамп со нетрпение го чека враќањето на сцената, пишува Ју Ес Еј Тудеј.
Организаторите најавуваат дека овој ќе биде прв од неколкуте настапи на Трамп со цел да ги поддржи кандидатите на внатрепартиските избори.
Политичките аналитичари велат дека ваквите настани на Трамп ќе му дадат платформа да се наметне повторно како лидер на Републиканската партија, да ги промовира неговите теории на заговор за изборите во ноември и да ги подмири старите сметки, се вели во текстот на Ју Ес Еј Тудеј.
Ново на Сител
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат