Свет
7. January 2017 - 20:08

Трамп: Само глупавите луѓе или будалите се против добрите односи со Русија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги осуди сите што се против добрите односи со Русија, нарекувајќи ги „глупави луѓе и будали“.

- Добрите односи со Русија се добра, а не лоша работа. Само глупавите луѓе или будалите мислат дека тоа е лошо, напиша Трамп на Твитер.

Трамп за односите со Русија напиша повеќе твитови, во кои истакнува дека ќе соработува со Москва со цел да се решат „некои од многуте горливи проблеми и прашања со кои се соочува светот“.