Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме по оние што оддаваат предавнички информации

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува.
Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење.
Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со „огромни количини муниција, особено од одредени видови“, додавајќи дека нови количини постојано се произведуваат и испорачуваат зависно потребите на војската. Тој истакна и дека американската одбранбена индустрија гради најголем број нови фабрики и производствени капацитети во историјата на земјата.
Американскиот претседател остро ги критикуваше изворите на медиумските извештаи за наводен недостиг на оружје. „Се трага по оние што оддаваат предавнички информации“, напиша Трамп, додавајќи дека за одговорните ќе бидат побарани долготрајни затворски казни.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека Трамп наводно остро го критикувал американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, поради исцрпувањето на залихите клучна муниција, што според весникот, ги ограничило воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.
Според наводите на весникот, Трамп на состанок на кабинетот побарал објаснување од Хегсет зошто проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако бил убеден дека тоа веќе е направено.
Извори за „Вашингтон пост“ тврдат дека недостигот особено се однесува на наведувани ракети со долг дострел и ракети за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови поголеми воени напади врз Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
