-->
-->
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека разговорот бил добар, но дека нема да „доведе до моментален мир“ во Украина.
Трамп изјави дека разговарал со Путин околу еден час и 15 минути за нападот на Украина врз руските авиони во близина на аеродромот, како и за други напади што се случиле од двете страни.
„Беше добар разговор, но не разговор што ќе доведе до моментален мир. Претседателот Путин рече, и тоа многу силно, дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите“, наведе Трамп во објава на Truth Social.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
