Свет
20. July 2016 - 8:50

Трамп располага со богатство од три милијарди долари

Милијардерот Доналд Трамп располага со богатство од три милијарди долари, јави ТАСС, повикувајќи се индексот на милијардери на агенцијата Блумберг. 

Минатата година богатството на Трамп беше проценето на 2,9 милијарди долари. 

Истовремено долговите на Трамп се зголемиле од 350 милиони на 630 милиони долари. 

Голем дел од овие долгови се направени поради реновирањето на зградата на старата пошта во Вашингтон, која Трамп сака да стане луксузен хотел. Поради реновирањето тој зел позајмица од 170 милиони долари. 

Според индексот на Блумберг облакодерот на Трамп во Менхетен, во Њујорк, се проценува на 600 милиони долари, што е за 22 проценти повеќе од пред две години.

Телевизијата Си-Ен-Ен јави дека кампањата на Трамп, за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори на САД, не је променила неговата финансиска состојба.