Трамп: Путин изјави дека сум гениј, ќе имаме добри односи

Претседателот на републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјави дека ако победи на изборите ќе воспостави добри односи со Русија.
Тој одбио да одговори на прашањето дали некогаш разговарал со претседателот на Русија, но истакна дека Владимир Путин го нарекол гениј.
- Тој (путин) рече: Трамп е гениј, дали тоа е доволно? Мислам дека со него ќе имам добри односу, истакна Трамп.
Тој во изјава за Си-Ен-Ен ја ублажи својата претходна изјава дека САД би требало да ги соборат руските авиони ако сепремногу се приближат до американските воени цели.
Трамп посочи дека ако тој е на чело на државата, во тој случај би го побарал Путин и би го замолил „повеќе да не го прави тоа“ бидејќи тоа е „непочитување на американската армија, земја и претседателот“.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
