Свет
7. November 2017 - 9:04

Трамп пристигна во Јужна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска пристигна во Јужна Кореја, втората земја од неговата 12-дневна турнеја во Азија. 

Јужнокорејците претпоставуваат дека државната посета на Трамп може да ги зајакне тензиите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој не се откажува од стрмежот неговата земја да создаде нукеларно оружје што ќе може да ја погоди територијата на САД. 

Доналд Трамп Кореја

Трамп ќе оствари средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин. 

Поради посетата, безбедноста во земјата е на највисоко ниво. 

Трамп претходно ја посети Јапонија каде оствари средба со јапонскиот цар Акихито и премиерот Шинѕо Абе. 

При средбата со Абе, тој разговараше за кризата со Северна Кореја, како и за други билатерални прашања. 

Трамп во рамките на 12-дневната азиска турнеја, освен Јапонија и Јужна Кореја ќе ги посети и Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана полтика кон Северна Кореја.