Трамп повторно го отвора озогласениот затвор Алкатраз

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му наредил на Бирото за затвори да го обнови и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“.
“Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.
Во Федералниот затвор Алкатраз биле сместени озлогласени американски криминалци како Ал Капоне пред да биде затворен во 1963 година. Сега е една од најпопуларните туристички дестинации во Сан Франциско.
„Денеска му наложувам на Бирото за затвори, заедно со Министерството за правда, ФБИ и Службата за внатрешна безбедност, повторно да го отворат значително проширениот и реновиран Алкатраз“, напиша Трамп.
Алкатраз беше прогласен за најбезбеден затвор во Америка поради неговата островска локација, ледените води и силните струи. Никогаш официјално не е регистрирано успешно бегство од Алкатраз, иако петмина затвореници се наведени како „исчезнати и се претпоставува дека се удавени“.
Алкатраз беше затворен бидејќи било премногу скапо да продолжи да работи, според веб-страницата на Федералното биро за затвори, претежно поради неговата островска локација. Неговото работење било речиси три пати поскапо од кој било друг федерален затвор.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
