Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се укинуваат американските санкции врз Сирија, потег што беше означен како поддршка за „патот кон стабилност и мир“, објави Белата куќа.
Како што е наведено, наредбата ги укинува општите санкции воведени врз Сирија, но ги задржува мерките против поранешниот претседател Башар ал-Асад, неговите блиски соработници, лицата обвинети за кршење на човековите права, трговијата со дрога, врски со хемиското оружје, екстремистичката група ИД, како и иранските посредници во регионот.
Наредбата му наложува на американскиот државен секретар Марк Рубио да ја процени можноста за дополнително олеснување на санкциите, целосно или делумно, во согласност со таканаречениот „Цезаров закон“, со кој САД претходно го санкционираа режимот на Асад за воени злосторства.
Документот, исто така, отвора врата за либерализација на извозот на одредени стоки и укинување на ограничувањата за странски донации и помош наменета за Сирија.
Дел од наредбата се однесува и на преиспитување на статусот на екстремистичката група Хајат Тарир ал-Шам (ХТС), вклучувајќи го и нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, како и на разгледување на можноста за промена на статусот на Сирија како држава спонзор на тероризмот.
Во текстот се наведува дека САД ќе бараат начини за ублажување на санкциите во Обединетите нации со цел дополнително да се промовира стабилноста во Сирија.
Администрацијата на Трамп наведува дека најновиот потег „ѝ дава шанса на Сирија да успее“, истакнувајќи дека поддршката не значи компромис со безбедноста или интересите на САД.
Белата куќа изјави дека Вашингтон ќе продолжи да инсистира на елиминирање на заканата од тероризам, решавање на статусот на странските борци, забрана на палестинските екстремистички групи и спречување на зајакнување на ИД во регионот.
Во објаснувањето се наведува дека санкциите се воведени како одговор на „бруталноста на режимот на Асад“, но дека „неодамнешните промени во владата“ и „позитивните акции“ укажуваат на потенцијална промена во насоката на сириската Влада.
Зборувајќи за одлуката за укинување на санкциите Трамп рече дека тие биле „брутални и парализирачки“, но дека сега е време Сирија да го покаже својот потенцијал.
„Среќно, Сирија. Покажи ни нешто посебно“, рече Трамп.
Министерството за финансии на САД веднаш издаде таканаречена „Општа лиценца GL25“, со која се овластуваат одредени трансакции со сириската привремена власт, Централната банка на Сирија и државните компании.
Во исто време, Стејт департментот воведе привремено, 180-дневно ослободување од санкции во согласност со „Цезаровиот закон“.
Кабинетот на Трамп соопшти дека светот треба да обрне внимание и дека САД се подготвени да ја поддржат секоја земја што покажува сериозна посветеност на мирот и стабилноста.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
