Трамп: Постои можност „нешто да се постигне“ за Парискиот договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп на заедничката прес-конференција во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон најави дека постои можност „нешто да се постигне“ за Договорот од Париз за климатските промени, од кој Вашингтон се повлече пред извесен период.
Но, тој не прецизира што евентуално би било преземено за Парискиот договор.
- Нешто би можело да се случи со Парискиот договор, ќе видиме што. Ќе разговараме за тоа во следниот период. Ако се случи ќе биде прекрасно, ако не се случи тоа, ќе биде во ред. Ќе видиме што ќе се случи. Разговаравме за многу работи, како за прекин на огнот во Сирија, а на кратко и за Парискиот договор, посочи Трамп.
Макрон наведе дека со Трамп дели исти ставови за многу теми.
- Заедно ќе напредуваме. Ќе работиме заедно и сакам да продолжам да работам со САД, посочи Макрон.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
