Трамп по грешка рече дека Шведска е цел на терористички напад
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на собир во Флорида по грешка ја наведе Шведска како една од целите на терористички напади во Европа, што воглавно наиде на потсмев меѓу Швеѓаните на социјални мрежи.
– Погледнете што се случи во Германија, погледнете што се случи вчера во Шведска. Шведска, кој би можел да поверува? Тие примија голем број мигранти, изјави Трамп бранејќи ја уредбата за забранет влез во САД на државјани од седум муслимански држави.
Шведскиот весник Афтонбландет на англиски јазик објави вести за случувања од петокот – еден човек примил медицинска помош поради изгореници, предупредување за лавина и шведска полиција во потера по пијан возач.
Според американски медиуми, дел од Швеѓаните се збунети, а некои му се потсмеваат на Трамп.
Меѓу нив е и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт кој на Твитер напиша: - Шведска? Терористички напад? Што пушел тој?
Портпаролката на Трамп засега не даде одговор што мислел американскиот претседател зборувајќи за Шведска.
Портпаролката на шведското МНР Катарина Акселсон изјави дека владата не знае за никакви „случаи поврзани со тероризам“. Шведските специјални сили соопштија дека нема никакви причини за зголемено ниво поради терористичка закана.
Ново на Сител
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот
-
Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“
-
Пронајден починат 24-годишник во кавадаречко Марена
-
Алонсо со коментар за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид
-
Симеоне: Нашата цел е финалето во Лигата на шампионите
-
Пипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн
-
Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг
-
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право