Трамп официјално ја прифати номинацијата: Бог беше на моја страна
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата.
Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа ако се освои само половина Америка.
Зборувајќи за нападот на митингот во Пенсилванија, Трамп рече дека не требало да биде на конвенцијата во Милвоки, но оти, како што рече, „Бог бил на негова страна“.
– Секаде ми течеше крв, но сепак на некој начин се чувствував многу безбедно бидејќи Бог е на моја страна, им рече тој на илјадниците поддржувачи на конвенцијата.
Поранешниот претседател рече дека несогласувањата и поделбите во општеството мора да се излечат.
– Мораме да дејствуваме брзо. Како Американци, ние сме врзани со заедничка судбина. Се издигнуваме заедно или се распаѓаме, рече Трамп.
Тој, исто така, ги поздрави своите поддржувачи кои беа очевидци на атентатот врз него и побара едноминутно молчење во спомен на загинатиот поранешен пожарникар Кори Комператоре, кој беше во публиката на митингот во Пенсилванија.
Трамп уште еднаш повика на помирувачки тон, нагласувајќи дека не треба да се демонизираат разликите и различните мислења.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина