Трамп: Одлуката на судијата од Сиетл е смешна

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска како „смешна“ ја оцени и ја отфрли одлуката на федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, за одбивање на примената на неговата уредба за забрана за влез во САД на државјани од седум муслимански земји.
„Мислењето на овој таканаречен судија, кој ја отфрли примената на законот, е смешно и ќе биде соборено“, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Трамп додаде дека „доколку некоја земја повеќе не е во состојба да каже кој може,а кој не може да влезе и да излезе однеа, особено од безбедносни причини“, тогаш тоа е „голем проблем“.
Федералниот судија за подрачјето на Сиетл, Џејмс Робарт, вчера издаде привремена забрана за примена на цела територија на САД на извршната уредба на американскиот претседател Доналд Трамп за привремена забрана на влез во САД на државјаните од седум земји со муслимански мнозинства.
Француските медиуми ја наведуваат изјавата на Генералниот обвинител на американската сојузна држава Вашингтон, Боб Фергусон, подносител на жалба на уредбата на Трамп, дека судијата Робарт на таа функција го поставил некогашниот републикански претседател на САД Џорџ Буш помладиот.
-Уставот денеска надвладеа. Никој не е над законот, па дури ни претседателот, рече Фергусон, реагирајќи на пресудата што ја донесе Робарт.
Британските медиуми наведуваат дека оваа пресуда од Сиетл опфаќа најширок опсег во однос на уредбата на Трамп, што беше потпишана минатата недела.
Министерството за правда објави дека нема да бара итно стопирање на пресудата на судијата од Сиетл, додека Белата куќа најави дека тоа ќе го стори министарството „што е можно побрзо“ и вети дека ќе се бори против оваа пресуда.
Ново на Сител
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
