Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“.
„Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите видови и ќе бидеме блиску за да се осигураме дека сè ќе оди како што треба. Сигурен сум дека ќе биде така“, напиша Трамп утрово на својата мрежа Truth Social.
Како што додаде, „исто како што го доживуваме во САД, ова може да биде златното доба на Блискиот Исток“.
Неколку часа претходно, Трамп изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.
Кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, иранските власти објавија соопштение во кое го потврдуваат договорот, велејќи дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина“.
МИА
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
