-->
-->
Трамп очекува да собере околу милијарда долари за претседателската кампања
-->

Предизборниот штаб на милијардерот Доналд Трамп, кој остана едиствениот претендент за номинација на Републиканската партија за претседател на САД планира да собере за потребите на кампањата финансии од околу една милијарда долари, изјави Трамп во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.
Тој посочи дека за собирањето на таа сума веројатно ќе работи заедно со Националниот комитет на Републиканската партија.
- Ќе се обидеме да собереме една милијарда долари или повеќе, посочи Трамп.
Според него таа сума ќе биде неопходна за да биде победен фаворитот на демократите, поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
