Трамп: Носењето заштитна маска е патриотски чин
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер своја фотографија со заштитна маска на лице и индиректно констатира дека „носењето маски е патриотски чин“.
– Сите сме обединети во напорите да го победиме кинескиот невидлив вирус и многу луѓе велат дека носењето маски при социјално дистанцирање не може да биде патриотски чин. Никој не е поголем патриот од мене, напиша Трамп наТвитер.
Тој го напиша твитот речиси по три месеци откако американскиот Центар за контрола на болести препорача носење маски.
Трамп ја постави фотографијата, која е направена во текот на неговата посета на воената болница во предградие на Вашингтон, каде прв и единствен пат носел маска во јавноста, по над едномесечно одбивање тоа да го направи.
Според Си Ен Ен, Трамп го сменил мислењето мотивиран од лошите резултати на предизборните анкети.
Во САД досега се потврдени 3,7 милиони заразени лица со коронавирус и 14.500 смртни случаи.
Ново на Сител
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо