-->
-->
Трамп нема да определи специјален обвинител за Хилари Клинтон
-->
Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најверојатно нема да определи специјален обвинител за „случајот мејлови“ и за неговиот изборен противник, кандидатот на демократите, Хилари Клинтон.
Во изјава за „Вол Стрит Џорнал„ тој одби да одговори на прашањето за именување специјален обвинител, објаснувајќи дека сега има други приоритети.
За њујоршкиот весник, Трамп изјави дека негова примарна задача, по влегувањето во Белата куќа, ќе бидат здравствената заштита, вработувањето, граничната контрола и реформата на даночниот систем.
Во текот на долгата изборна кампања, Трамп на неколкупати се закануваше дека ако биде избран за претседател, ќе именува специјален обвинител, за да ги истражи „криминалите“ на Клинтон.
Тој тврдеше дека Клинтон е „виновна“ затоа што од својот приватен сервер испраќала службени мејлови и дека тоа што го сторила е „предавство“ кон САД, наводно,затоа што била загрозена националната базбедност.
Истрагите во Стејт департментот, како и на ФБИ, не најдоа никакви докази за вина и за издавање државни тајни, па уште пред изборната кампањата беше заклучено дека нема сторено кривично дело.
Клинтон се повлече од јавноста по изборниот пораз од 8 ноември и не реагира на масовните протести што продолжуваат да се одржуваат низ градовите и колеџите во САД, против изборот на Трамп.
Во разговор со донаторите на Демократската партија, таа го обвини директорот на ФБИ , Џејмс Коми за поразот.
На само 10 денови пред изборите тој отвори нова истрага за мејловите, иако во јули објави дека истрагата е завршена, а потоа на два дена пред гласањето, соопшти дека не е најдена кривична одговорност.
Клинтон и демократите откриваат дека веднаш по овие потези на Коми, сигурното водство на Клинтон пред Трамп, наеднаш исчезна.
Сомнението , па брзото повлекување во само една недела, му помогна на Трамп да го „потврди“ претходното негово обвинување дека Клинтон е „заштитувана од системот“, проценуваат во американската Демократска партија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска