Трамп: Некои делови од светот одат по ѓаволите
Американскиот претседател Доналд Трамп обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека „Америка постојано ќе биде на прво место“ и остро ги критикуваше режимите во Северна Кореја и во Иран.
Тој додаде и дека не сака конфликти и судири, како и оти САД се водени од исходи и резултати, а не од идеологија.
- Некои делови од светот одат по ѓаволите. Ако Америка биде загрозенам нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме Северна Кореја. Кин Џонг-ун со ракетните тестови е во самоубиствена мисија. Сега е време сите заедно да работиме да го изолираме Ким се додека тој не престане со непријателското однесување. Суверените држави мора да бидат основа на светскиот поредок. Мораме да ги отфрлиме заканите по суверенитетот, од Украина до Јужно Кинеско Море. Очекувам сите држави да ги почитуваат интересите на својот народ, како и правата на другите суверени држави, посочи Трамп.
Според него „отпадничките режими се закана за светот“.
- Тие им помагаат на раширените терористички мрежи. Тоа се Северна Кореја и Иран. САД на противниците им порачуваат дека американската армија ќе стане посилна од кога било досега во историјата, потенцира Трамп.
За Иран, американскиот претседател наведе дека е „економска празна отпадничка држава, чиј единствен извозен производ е насилството“. Тој нуклеарниот договор со Иран го нарече „срамен“ и оти светските лидери не можат да се држат до договорот ако истиот ја продолжува иранската нуклеарна програма.
Во согласност со слоганот „Америка на прво место“, Трамп посочи дека САД засекогаш ќе бидат пријател на светот и посебно на сојузниците“, но оти Американците ќе бидат примарна обврска.
- Сите одговорни лидери имаат обврска да им служат на своите граѓани. Веќе не можеме да бидеме искористувани или да влегуваме во еднострани договори со кои САД не добиваат ништо, наведе Трамп.
Тој се осврна и на кризата во Венецуела, нарекувајќи ја „неприфатлива“, додавајќи оти во земјата владее „социјалистичка диктатура“.
- САД не можат само да стојат на страна и да гледаат, наведе Трамп.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци