Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност

Евентуална негативна одлука на Врховниот суд на САД во врска со царините наметнати од актуелната администрација би претставувала „закана“ за американската безбедност, предупреди американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
„Најголемата закана во историјата за националната безбедност на САД би била негативна одлука на Врховниот суд во врска со царините“, напиша американскиот претседател. „Би останале финансиски незаштитени.“
Трамп заедно со објавата постираше и фотографија од францускиот претседател Емануел Макрон, кој минатата недела беше во посета на Кина. Макрон во неделата му се закани на Пекинг со царини „во следните месеци“ доколку Кина не преземе мерки што ќе и овозможат на Европската Унија да го намали својот трговски дефицит, кој постојано расте.
„Сега Европа ќе воведе царини за Кина, како што веќе прави со други земји“, изјави Доналд Трамп по тој повод.
„Благодарение на царините, кои се применуваат лесно и брзо, нашата национална безбедност беше значително подобрена и ние станавме убедливо најсилната земја во светот во финансиска смисла. Само мрачни и злобни сили би сакале тоа да заврши!!!“, додаде Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
