Трамп: Не сакав да предизвикам, туку да ја запрам војната
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани не е изведено со цел да се предизвика конфликт со Иран, туку да се прекине војната.
– Ние презедовме акција за да ја запреме војната, не го сторивме тоа за да започнеме војна, рече Трамп вчера на Флорида, во првото обраќање пред новинарите по убиството на Сулејмани.
Тој додаде дека не бара промена на режимот во Иран, но дека земјата мора веднаш да престане со употреба на борци од други држави за да ги дестабилизира соседите.
Трамп истакна дека се утврдени целите на можната одмазда на Иран и дека тој е подготвен да преземе какви било неопходни активности.
Американскиот претседател претходно изјави дека Сулејмани убил и ранил илјадници Американци за подолг временски период и планирал да продолжи со тоа.
Сулејмани, командантот на иранската елитна единица Кудс, беше убиен во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР