Трамп не ја подигна старосната граница за купување оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги следи судските случаи и пресуди пред да донесе одлука за старосната граница за купување одредени видови оружје.
„Вооружени чувари се ОК мерка“, напиша Трамп на Твитер по соопштението од Белата куќа во кое се изложува планот со мерки за борба против оружени напади во училиштата. Во пораката за старосната граница Трамп напиша: ...ги следам судските случаи и пресуди пред дејствувањето. Државите ја носат оваа одлука. Нештата се движат многу брзо по ова прашање, но (благо речено) нема многу политичка поддршка.
Белата куќа вчера објави нов план за спречување оружени напади во училиштата, но тој не го вклучува претходниот предлог на Трамп за кревање на старосната граница за купување оруќје на 21 година, а прашањето за вооружување наставници, исто така негов предлог, се остава да се реши на ниво на сојузни држави и локални заедници.
Ново на Сител
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп