Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната, вели официјален претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната бидејќи тој не го вклучува прашањето за нуклеарната програма на Иран, изјави американски официјален претставник.
Најновиот ирански предлог предвидува одложување на дискусијата за нуклеарната програма на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите околу поморскиот сообраќај од Персискиот Залив.
САД веруваат дека нуклеарните прашања мора да се решат од самиот почеток, а Трамп не бил задоволен од иранскиот предлог поради таа причина, изјави анонимен официјален претставник запознаен со состанокот на претседателот со советниците за национална безбедност.
Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека САД „нема да преговараат преку медиумите“ и дека „биле јасни за своите црвени линии“ додека администрацијата на Трамп се стреми да ја заврши војната против Иран што ја започна во февруари заедно со Израел.
Претходен договор од 2015 година меѓу Иран и неколку други земји, вклучувајќи ги и САД, значително ја ограничи нуклеарната програма на Иран, за која Иран долго време инсистираше дека е за цивилни цели. Но, тој договор пропадна кога Трамп еднострано се повлече од него за време на неговиот прв мандат.
МИА
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
